“Фантазијата е поважна од знаењето” рекол големиот научник Алберт Ајнштајн. Едукативната програма
’’Научна кујничка’’ е развиена токму на осознавањето на суштината и значењето на овие големи мисли. Програмата е
развиена со основна цел за научно описменување на децата во рана возраст, што во голема мера придонесува за нивниот
когнитивен развој и претставува важна основа за понатамошно надоградување низ формалното образование. Наменета е за
деца од 5 до 9 години и ги опфаќа основите на хемијата, физиката и биологијата.
Нашиот пристап се темели на поттикнување на детската природна љубопитност и желбата за осознавање на
светот околу себе. Препознавајќи го овој капацитет, тим на стручни лица од Универзитетот во Белград осмислија
методологија на работа која се состои од следниве сегменти:

Како пример може да се спомене дека повеќето деца слушнале за кружењето на водата во природата. Секое
дете има сопствена претстава за овој феномен која во најголем број на случаи не одговара со реалноста. Нашиот тим
дизајнираше посебен систем со помош на кој децата на лице место можат да ги видат сите процеси на циклусите на
кружењето на водата во природата. Низ овој пример децата се запознаваат со различните агрегатни состојби на водата,
условите под кој доаѓа до преминување од една во друга агрегатна состојба и стануваат способни да го сместат овој
природен феномен во својот когнитивен простор разбирајќи ја природната појава на правилен начин.
Нашата задача не е да ги научиме децата што да мислат, туку како да размислуваат.
Уважувајќи ги нивните почетни размислувања обликувани под закрила на детството, се трудиме ненаметливо да дадеме
надградба и потполно нови сознанија кој се базираат на факти.
Др. Сања Шешлија Савиќ, научен соработник на Универзитетот во Белград е задолжена за развој на
експерименталниот курикулум. Др. Невена Буѓевац, Вонреден Професор на факултетот за Учители во Белград има задача
научната идеја да ја стави во педагошка и психолошка рамка прилагодена на одредена возрасна група. За финално
обликување на програмата и реализација на наставата задолжена е Јелена Пилчевиќ, Дипломиран Инженер по хемиска
технологија и Мастер едукатор. Јелена Самарџиќ, дипломиран графички дизајнер со голем успех сите идеи ги пресликува
во специјално осмислени прирачници кој се дел од наставниот комплет.

‘’Научна кујничка’’ своите први чекори ги направи во 2019 година низ пилот проект реализиран во
соработка со Културниот центар во Обреновац каде што се одржани и првите работилници. Во текот на 2020 година
идејата созрева за да добие признание во 2021 за своето значење и иновативност и како таква беше подржана од Фондот
за Иновации на Република Србија. Низ реализација на проектни активности вратите на знаење на нашата ‘’Научна
кујничка’’ повторно се отворени во март 2022 година.
Често ја слушаме фразата „Децата се природни научници“. Нивната љубопитност и потребата да го
разберат своето опкружување секако ги поттикнува да истражуваат и да донесуваат заклучоци на основа на сопствените
искуства. Меѓутоа оставени сами на себе, често не наоѓаат решенија. На децата им се неопходни насоки за да се насочи
нивната природна љубопитност кон когнитивен и емоционален развој.
Идејата е родена како критички одговор на тешкотиите со кој се среќаваат децата низ формалното
образование, посебно во областите на природните науки а кој се последица на немањето услови за практична примена на
стекнатите теоретски знаења. Потребата за научно описменување на децата во раната возраст заснована е на долгорочни
позитивни последици на примената на овој пристап. Истражувањата и праксата укажуваат дека децата имаат многу поголем
потенцијал да научат нешто што претходно го разбрале, па така знаењата усвоени во раното детство обезбедуваат многу
поквалитетно опкружување за понатамошно учење, стекнување работни навики и вештини. Токму раното детство е времето
кога децата треба да ги осознаат природните феномени и одблизу да го видат светот што ги опкружува што ќе им послужи
како основа за понатамошно истражување, развој на логички пристап на проблемите и суштинско разбирање на стекнатите
искуства.
Негувајќи го индивидуалниот пристап, му помагаме на секое дете да го открие својот потенцијал и да
развие афинитет за идната професија. Ја разбираме важноста и неопходноста на учењето кое се гради тргнувајќи од
едноставни кон сложени поими но исто тако ја земаме во предвид и детската потреба за обликување на нивниот свет во
рамките на нивната љубопитност. Имајќи ја во предвид оваа цел, Научна кујничка ќе послужи како мост кој ги поврзува
детскиот афинитет за игра и барањата кој ги наметнува традиционалниот систем на образование.