Следете не

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО НАШАТА ВСЕЛЕНА!

РОДЕНДЕНСКИ ПРОСЛАВИ ВО НАУЧНА КУЈНИЧКА НАУЧНИ РОДЕНДЕНЦИ

Барате идеја за активности и игри за роденденот на вашето дете кое има помеѓу 5 и 9 години? Подарете му најубав подарок! Искористете го овој славенички ден за да му го насочите погледот кон науката. Наука која излегува од нашата лабораторија да ги запознае најмладите. Да ги натера да сонуваат, набљудуваат, експериментираат, замислуваат, создаваат, да ве изненадат вас (нас)! Роденденските забави се долго очекувани и посебни моменти за децата. Ова е можност за нив да ги повикаат своите другарчиња и сите заедно убаво да си поминат во опкружување што не е игротека или вон наставна активност. Но кога си родител не е секогаш лесно да се пронајде идеја за активности или игри кој би биле интересни за децата во домашен амбиент. Доверете ја организацијата на роденденот на тимот на НАУЧНА КУЈНИЧКА! Со професионалните едукатори децата во потполност ќе се забавуваат. Нашите едукатори ќе бидат со вашето дете да го поддржат неговиот развој и да ја поттикнат неговата љубопитност. Да го запознаат со волшебниот свет на науката и неговите феномени. Експлозивна роденденска содржина, возбудлива со многу забавни детали со елементи на едукативен карактер. На децата треба да им се овозможат моменти да растат во светот на волшебниците. Авантурите да бидат дел од нивното растење.

ЗА ВАС ТУКА Е ТИМОТ НА НАУЧНА КУЈНИЧКА. НАПРАВЕТЕ ИЗБОР!

Ваквата активност по повод роденденските забави вклучува 4-6 забавни научни експерименти кој овозможуваат да му пристапите на феноменот од различни агли за подобра илустрација на неговите повеќекратни аспекти. Овозможуваме набљудуваните поими да бидат на дофат на децата и водиме сметка да ги објасниме на сликовит начин а сето тоа во возбудлива атмосфера! Траењето на роденденските содржини е два часа а максималниот број на деца изнесува 20. Забавата се одржува во нашите простории. Експериментите ги привлекуваат сите деца, и момчињата и девојчињата без разлика дали се љубители на науката или сеуште не се. По незаборавното дружење со нашиот тим гарантираме дека кај вашето дете ќе се разбуди фантазијата и тоа ќе зачекори во светот на возбудливите научни феномени.
  1. Експериментите се секогаш прилагодени на возраста и способноста на децата.
  2. Едукаторите се професионалци од областа на науката и педагогијата оспособени за ваков тип на прослави.
  3. Сите деца ќе имаа заштитна опрема (мантили, заштитни наочари а по потреба и заштитни ракавици) за подобро да се вклопат во темата на забавните експерименти.
  4. Обезбедени се роденденски покани
  5. Сите деца добиваат мал сувенир од активноста
  6. За некој теми децата си заминуваат дома со креацијата која ја направиле во текот на роденденската забава.
  7. Детето славеник добива специјален подарок ваучер за бесплатно посетување на нашиот едукативен центар во траење од еден месец.
  8. Останатите гости добиваат подарок ваучер – покана за една бесплатна работилница.
Кај НАС е загарантиран успешен роденден. Посетете не и зачекорете во светот на фантазијата заедно со нас, овозможете му на вашето дете да биде дел од нашиот научен тим. Се радуваме на вашата посета! 

ВАША НАУЧНА КУЈНИЧКА😊

x