Децата низ атрактивни активности учат и добиваат порака дека учењето е забавно, дури и возбудливо а стекнатите знаења се корисни за снаоѓање во светот околу нас.
Подетално
Програмата е развиена со основна цел за научно описменување на децата во рана возраст, што во голема мера придонесува за нивниот когнитивен развој и претставува важна основа за нивното понатамошно надградување низ формалното образование.
Подетално
Барате идеи за активности и игри за роденденот на вашето дете кое е на возраст помеѓу 5 и 9 години? Подарете му најубав подарок! Искористете го овој славенички ден за да му го насочите погледот кон науката.
Подетално
Често ја слушаме реченицата „Децата се природни научници“. Нивната љубопитност и потребата светот да го направат предвидливо место секако ги поттикнува да истражуваат и да донесуваат заклучоци и теории врз база на своите искуства. Но препуштени самите на себе тие неможат да го развијат вистинскиот научник во себе. На децата им е потребна поддршка за својата природна љубопитност и активност да ја трансформираат во нешто што се базира на наука. Поттикнати од вистинските природни и едукативни потреби, развивме структурирана научна програма за деца на возраст од 5 до 9 години која ги обединува основите на хемијата, физиката и биологијата. Симболично наречена Научна кујничка, програмата е осмислена да овозможи важна основа за понатамошно надградување на знаењата низ формалното образование.

Добредојдовте во светот на малите научници