Првата “Научна кујничка” наскоро во…
март 7, 2024
Научна кујничка е франшиза наменета за научно описменување на децата во предучилишна и рана училишна возраст низ концепт на имплементација на иновативни и креативни методи за усвојување на знаење. Програмата е осмислена на начин што науката ја прави достапна и возбудлива, овозможувајќи потполно нови сознанија за природните феномени и истовремено поттикнува логично размислување и изведување заклучоци.
Свесни за значењето на науката за когнитивниот развој на децата, сакаме програмата да допре и да стане достапна за што поголем број на корисници. За да успееме во тоа, би сакале своето искуство, стручност, иновативност и способност да ги споделиме со луѓе со слични сфаќања, кој сакаат да направат разлика во образованието и да ги инспирираат младите умови.
Млад но искусен тим од Скопје, вистински професионалци во областа на воспитувањето и образувањето на деца од предучилишна и рана училишна возраст како и од областа на природните науки, го препознаа значењето на оваа програма за развојот на децата. Првиот договорот за превземање на франшизата надвор од територијата на Република Србија е потпишан во декември 2023 во Белград и отпочната е подготовка за отворање на првиот едукативен центар под името “Научна кујничка” во Македонија – Скопје за територијата на Општина Карпош. Со цел целосно усогласување на програмата се врши превод и адаптација на сите материјали како и усогласување на терминологијата и начинот на спроведување на програмата.
Горди сме на тоа што децата од Скопје ќе имаат можност низ интерактивни и креативни активности, експериментирање и набљудување да го запознаат светот околу себе и да ги воочат и разберат различните природни феномени. Се радуваме што нашиот тим ќе им овозможи на децата стекнување искуство што ќе им служи низ понатамошното образование и секојдневниот живот.
Секој корисник на франшизата има посебна одговорност кон децата и единствена улога да ја унапреди нивната реалност, овозможувајќи им низ различни форми на научна игривост да ја обликуваат својата фантазија во применето знаење.